Бугарија почна да ја губи битката веднаш после погазувањето на Договорот за добрососедство, поразот го завери со резолуцијата во нивното собрание, а поразот го запечати со ветото за ЕУ.
Бугарија ја изгуби битката за јавното мислење (Hearts&minds) на Македонците, и тешко дека ќе може нешто да смени во следните децении.
Оската Белград – Атина, останува главен транспортен и бизнис коридор за земјава, со осетно зголемување на влијанието на Косово и Албанија во бизнисот што е одлично за земјава.
Од сите “Црвени линии” во срамната резолуција на бугарското собрание, Софија се сведе на ставањето на Бугарите во уставот како дел од останатите народи, со што 3000 Бугари ќе застанат покрај останатите.
Сите други барања на Бугарија се амортизирани преку преговарачката рамка и “Францускиот предлог”, пред се поради силниот притисок на САД, и Вашингтон уште еднаш цврсто застанува зад државноста на Македонија, и само слепци и будали не гледаат дека причината за опстанокот на државата во овие 3 децении лежи во силната подршка на Америка.
Во однос на преговарачката рамка, жално е што 90% од оние кои не ја прочитале се најголеми критичари на процесот, дел од оние 10% пак кои ја прочитале(и ја разбрале), што од лукративни, што од туѓи интереси упорно ги убедуваат оние кои не ја прочитале дека рамката е лоша.
И да, над Македонија се направени многу неправди во евроатланстките интеграции, но си имаме и ние безброј пропусти во сите области, од историја до корупција. Тоа е животот, полн со препреки, наместо плачење и кукање, потребни се решенија.