Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека ако Бугарија не го признава српско малцинство, тогаш и во Србија нема Бугари, пишува БГНЕС.
„Бугарија не ги признава националните малцинства, но за сметка на тоа постојано се буни за лошата положба на Бугарите во Србија“, реагира шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и вели дека знае како да се надине проблемот со бугарското малцинство во Србија за кое Софија постојано се буни.
„Кога ние ќе ги спомнеме Србите во Бугарија ни велат нема Срби во Бугарија. Ние сега треба да кажеме нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското малцинство“ – вели Дачиќ.
„За какви внатрешни работи се зборува денес во Европската Унија. Некои Бугари кои се само во Србија 0,26 отсто од нашето население. Толку има Бугари во Србија“.
„Но, на секој состанок на Европскиот совет, Бугарија го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство“, изјави Дачиќ на почетокот на јануари 2020 година на српската државна телевизија, потсетуваат бугарските портали.