Оваа промена на Уставот не внесува во една слепа улица од која нема излез, туку бесконечно преговарање, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.Лефков објасни зошто е тоа така.
„Неизбраниот премиер зборува за кохезија, каде беше кохезијата кога го договараа ова, ако имате француски предлог и знаете дека услов е промена на Уставот и ако е толку важен чекор не може да се однесувате така. Треба да знаете дека промена на Уставот не е на Владата, туку на Собранието на пратениците”, рече Лефков.
Според Лефков преговорите „се одвиваа надвор од очите на јавноста”.
Лефков укажа дека зад европската фразеологија на СДСМ и ДУИ се крие само корупција и криминал и додаде дека осумдесет проценти се против ова што го прави актуелната власт.
Оттука пратеникот Лефков додаде, дека на патот кон ЕУ потребно е владеење на правото, функционални институции, а не корупција и криминал како што е сега со СДСМ и ДУИ.
Лефков рече дека на 18 август ќе биде усвоен дневниот ред на 18 на собраниската седница за што треба 61 пратеник, но за гласање за утрдување на потреба на промена на Уставот треба 80 пратеници и тоа ќе го нема.