Нелегална лабораторија полна со заразни агенси, медицински отпад и стотици глувци кои биле модифицирани со биоинженерски процеси за да се заразат со Ковид-19 и потоа да го носат во себе, е откриена во градот Ридли во американската држава Калифорнија. Лабораоријата била преполна и со вируси како ХИВ, ковид, кламидија, рубеола и маларија, пишува USA Today.
Кинеската компанија Prestige Biotech, регистрирана во соседната држава Невада, ја водела споменатата нелиценцирана лабораторија.
„Никогаш немале работна дозвола. Градот не знаел дека се во таа зграда и дека работеле тајно“, изјави градоначалникот на Ридли, Никол Зиеба вели Зиеба.
Одделот за јавно здравје на округот Фресно почна да ја истражува лабораторијата во декември 2022 година, откако градскиот инспектор забележал градинарско црево поврзано со складиште за кое се мислело дека е празно и каде што не бил регистриран бизнис. Во март, инспекторите открија дека зградата содржи различни хемикалии, биолошки материјали, телесни течности и стотици глувци. Во сомнителната лабораторија се пронајдени и медицински инструменти и материјали кои веројатно биле развиени во лабораторија, како што се тестови за бременост и тестови за ковид-19.
„Со оглед на тоа што сме мал град со 26.000 жители, бевме шокирани кога влеговме во зграда која требаше да биде празна и откривме лабораториска опрема и живи бели глувци“, вели Зиеба.
По неколку обиди да стапат во контакт со Prestige Biotech, властите во округот Фресно го обвинија за нетранспарентност и непочитување на прописите, како онаа во која се вели дека опасниот и медицински отпад мора да се отстранува на посебен начин и на посебни места. На 7 јули, претставници на Одделот за јавно здравје на округот Фресно ги отстранија сите сомнителни материјали од илегалната лабораторија.
Градоначалничката на Ридли, Никол Зиеба, рече дека градските власти, исто така, морале да спроведат специјална истрага за складиштето, бидејќи тоа е приватна сопственост.
Откако локалните власти утврдија дека некој работи во илегалната лабораторија, државните и федералните власти, вклучително и Федералното истражно биро (ФБИ), се вклучија во истрагата. Налогот за увид во магацинот истражителите го добиле во март. „Во некои простории во магацинот се пронајдени неколку контејнери со течности и разни додатоци. Во објектот се пронајдени и крв, ткиво и други примероци од телесни течности и серуми. Инспекторите пронајдоа и илјадници неозначени епрувети со непознати течности и биолошки материјал во лабораторијата“, се наведува во документите што надлежните ги доставиле до судот.
Во лабораторијата се пронајдени и стотици глувци. Лабораториските работници не им давале храна или вода, а во кафези чувале повеќе поединци отколку што требало. Соработник на Prestige Biotech им рекол на истражувачите дека глувците биле „генетски конструирани да се инфицираат и да носат ковид-19“. Во април, градот заплени глувци, а подоцна еутанизиран 773 глувци. Според документите доставени до судот, веќе умреле 180 глувци.