Ние уште на крајот на минатата година кога ДПМНЕ велеше дека оваа година ќе биде година со ново парламентарно мнозинство и со предвремени избори, ние велевме дека оваа година ќе биде година на уставни измени, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, за телевизија 24, додавајќи дека постапката тече транспарентно, јавноста и граѓаните се запознаени со секој чекор од постапката од самиот почеток.
Каевски изрази уверување дека на собраниксата седница закажана за 18 август, на која ќе се гласа потребата од уставни измени ќе има добри аргументи и тези, добри говори во делот кои се продобивките и зашто е добро да се изгласаат уставните измени и од друга страна дека со тоа македонците како и сите народи што живеат во државата не губат ништо.
Очекувам дека ќе има гласање и 80 праеници затоа што тоа е добро за државата затоа што граѓаните го очекуваат тоа, и оттука апелот до опозицијата е дека доколку се за граѓаните треба да гласаат за уставните измени и да застанат на овој европски пат и токму на таа седница ќе го видиме лицето на опозицијата и целото она менување на ставови ќе заврши на таа седница, истакна Каевски.
Тоја додаде дека факт е дека опозицијата треба да гласа за да има потребно 2/3 мнозинство.
Опозицијата треба да одлучат во која насока сакаат да ја видат државата, дали да се врати назад и нашата држава да се одвои од Албанија по европскиот пат, како што тоа се случи пред не знам колку години со Хрватска и сега гледаме каде е Хрватска, а ние каде сме на тој европски пат или ќе одлучат да гласаат да дадат афирмација за овој процес и час поскоро да ја видиме нашата држава интегрирана во Европската унија, нагласи Каевски, додавајќи дека доколку сметаат дека не треба чесно е прад граѓаните да кажат дека не се за Европа, туку имаат некоја друга алтернатива.
Пораките од ЕУ лидерите се дека не може да има репреговарање на преговарачката рамка и не може нешто да се добие подобра и илузија се ставовите кои ги има опозицијата пред неколку месеци дека ќе го репреговараат процесот, дека ќе добијат подобра преговарачка рамка, а на крајот на денот видовме дека не можат своите сестрински партии во Бугестагот да ги убедат да гласаат за резолуција, која го заштитува македонскиот јазик и идентитет, рече Каевски.
Пратеникот и портпарол на СДСМ нагласи дека во изминатата година од 19.07.2022 година, кога е изгласана декларацијата во собранието, на опозицијата во вода и паднаа сите лаги дека македонскиот јазик ќе исчезне дека ќе има бугаризација и асимилација, демант се случувањата во ЕУ, се случи афирмација од секој аспект.
Нема бугаризација, нема асимилација има само помош од ЕУ, опозицијата да одлучи дали сакаме да бидеме дел од ЕУ од едно семејство, коешто е просперитетно или сакаме да се враќаме во некои мрачни времиња и изолација, нагласи пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, за телевизија 24.