Фановите на Левски со навредливи транспаренти: „Илинден за Бугарите е Велигден“

Навивачите на Левски ниту од далеку не го послушаа советот на клубот да не провоцирата на мечот против Шкупи. Тие истакнаа огромен број навредливи пароли за македонскиот народ и најголемиот празник Илинден скандирајќи на дуелот против Шкупи во Софија, во второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.


Навивачите на Левски постојано пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“.
Имаше и други транспаренти на трибината кај најверните фанови на клубот.
„Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“, стоеше на еден од транспарентите.

Треба да знаете
Последни објави