Машката ракометна репрезентација на Македонија до 19 години оствари убедлив триумф (29:20) над Црна Гора во вториот меч од групата Ф на СП за кадети во Хрватска.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ покажаа квалитет на дуелот против Црногорците.
Македонија имаше предност од 12:10 по првото полувреме, а во вториот дел и дефинитивно го скрши отпорот на противникот.
Утре македонските ракометари ги очекува дуел со Грузија.