Германски туристи во Италија искршиле статуа стара 150 години

Група млади германски туристи искршиле вредна статуа во вила во северниот италијански град Виџо, се пожали менаџерот на вилата Бруно Голферини.

Тој тврди дека двајца туристи се качиле во фонтаната за да ја гушнат статуата „Домина“ на уметникот Енрико Бути, додека третиот ја турнал со стап, по што статуата од 170 сантиметри паднала на подот, пишува CNN.

Голферини рече дека поднел жалба до локалната полиција против сите 17 германски туристи кои ја изнајмиле вилата. Тие ја напуштија Италија по инцидентот што се случи во понеделникот. Целиот настан е снимен од надзорни камери, кои треба да и помогнат на полицијата да утврди кој е одговорен.

Статуата била стара околу 150 години, а нејзината вредност била проценета на околу 200.000 евра, додаде Голферини.

Тој смета дека ќе биде тешко да се санира поради дополнително оштетување на плочките во фонтаната. „Домина беше на некој начин жена која ја штитеше вилата. За жал, има и такви неуки кои прават такви работи“, истакна тој.

Треба да знаете
Последни објави