Турција планира руската пченица да ја преработи во брашно, кое потоа ќе го испрати во африканските земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ќе ја преработиме пченицата што Русија ја испорачува преку коридорот на Црното Море во брашно и тоа брашно потоа ќе биде испратено до најсиромашните африкански и земјите во развој“, рече Ердоган, но не прецизираше на кој коридор на Црното Море се однесува, пренесува ТАС. С.
Тој исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја посети Турција во август, но нагласи дека точниот датум се уште не е одреден.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека местото и точниот датум на средбата меѓу Путин и Ердоган ќе бидат договорени по дипломатски канали.
Тој потсети дека Ердоган го покани Путин да ја посети Турција.