Најмалку три лица го загубија животот како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА.
Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крање.
Околностите на смртта се уште се утврдуваат, соопшти полицијата за агенцијата.
„Се чини дека во Камник смртта е последица од поплави, а на планините од удар на гром. Околностите на смртта се уште се утврдуваат“, изјави Маја Адлешич Циперле од полицијата.