Невремето од Словенија пристигна во Хрватска. Поради најавеното невреме со грмотевици, ДХМЗ го вклучи портокаловиот аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвениот аларм е на сила за регионот Госпиќ и Риека поради обилни врнежи од дожд.
Поради обилните дождови во Загреб, реката Сава се излеа од коритото.
Според хидролошките модели и досегашната прогноза за нови обилни врнежи, се очекува нагло покачување на водостоите во помалите притоки на горните делови на басенот Драва и Сава, каде што е можно да се воведат и вонредни мерки за одбрана од поплави.
Исто така, во текот на денешниот ден се прогнозираат обилни врнежи од дожд на подрачјето на северниот дел на Јадранот, Горски Котар, Лика, централна и северозападна Хрватска, а доцна попладне и ноќе во подрачјето на централниот и јужниот дел на Јадранот може да има поројни и урбани поплави.