Центарот за управување со кризи е подготвен за невремето кое се најавува. Но меѓувреме се бори со 4 нови сериозни пожари кои избувнаа попладнево.
Првиот пожар денеска избувнал кај Свети Николе. Силен пожар изби во близина на Дојран. Постои опасност од негово брзо ширење поради ветрот, активирани се и два полициски хеликоптери.
Гори и кај Демир Хисар каде постои опасност од огнот да биде зафатена и квалитетна шума. Дирекцијата за заштита и спасување на овој терен делува и со авион.
Пожар има и кај село Крапа.