Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град го зафати Белград по што централните улици во градот се појавија буици од вода. Невремето со град беше проследено со силен ветер како и со значителен пад на температурата.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно соопшти дека времето во Србија ќе биде многу нестабилно со врнежи од дожд, обилни врнежи, грмежи и понекаде град, особено во попладневните и вечерните часови.
Како што наведоа, очекуваат врнежи од 20 до 40 милиметри, локално и до 70 милиметри, како и пад на температурата за околу пет до осум степени.
Моменталната температура на повеќето места во Србија, како што е наведено на веб-страницата РХМЗ, се движи меѓу 26 и 32 степени.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/08/1691243045-nevreme-kombo-750x422-1.jpg)
Невремето од северот на Европа пристигна во Србија, откако претходно ја зафати Словенија, потоа Хрватска, каде се очекува значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Во Босна и Херцеговина е вклучен метеоролошки аларм.