Најпознатиот саудиски фудбалски клб, Ал Хилал, со победата од 3-1 против актуелниот првак на Саудиска Арабија, Ал Итихад, во дуел од Арапскиот клупски куп на шампиони, најавува враќање на врвот во својата земја. Ал-Итихад го загуби големото дерби против Ал-Итихад (3-1), а резултат можеше да биде поинаков доколку Карим Бензема во 79 минута го реализираше ударот од 11 метри.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 14. минута донесе водство за Ал Хилал, додека Ал Давсари од пенал во судиското надополнување на првото полувреме зголеми на 2-0.
Ромарињо ја врати неизвесноста во мечот, откако во 56. минута погоди за 1-2, но само 14 минути подоцна Малком стрелаше за предност од 3-1 на Ал Хилал.
Ал Итихад не се предаваше и имаше уште неколку шанси до крајот на мечот, а најголемата ја пропушти Бензема, кој во 79. минута не реализира пенал.
Ал Хилал во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Ал Шабаб и Ал Вахда.
Benzema misses a penalty kick in Saudi Arabia's Clasico!
— 10 (@yesi0o) August 5, 2023
pic.twitter.com/7h002pJPZH