Голоб: Словенија се соочува со најтешката природна катастрофа во поновата историја

Словенија се справува со последиците од силното невреме кое ја погоди земјата ноќта меѓу четвртокот и петокот. Ситуацијата по невремето словенечкиот премиер Роберт Голоб ја оцени како „најтешката природна катастрофа во поновата историја“ на земјата.  

Обилни врнежи, како што пренесуваат медиумите имало и ноќеска во словенечките покраини Горењска и Корушка, кои предизвикале нови поплави во тие области. Водостоите на југот на Словенија, кои на места се излеаја, се во пораст, а многу патишта се сè уште затворени.  

„Словенија се соочува со најтешката природна катастрофа во поновата историја. Штетата ќе надмине 500 милиони евра, изјави словенечкиот премиер по денешниот состанок на државниот врв“, изјави Голоб.

Две третини од територијата на Словенија се погодени од поплавите и се прават огромни напори да се врати нормалниот живот.  

Говорејќи за првата проценка на штетите, која е над половина милијарда евра, словенечкиот премиер најавил дека веќе се подготвуваат законски измени за справување со ситуацијата.  

Треба да знаете
Последни објави