Настаните на теренот со опожарените места во земјата за час се менуваат. По 9 налети на полицискиот хеликоптер и интервенциите на локалните пожарникари воспоставена е контрола на пожарот кај Николиќ, Дојран. Поради силниот ветер и најавеното невреме на ер-тракторот не му беше дозволено да полета кон Дојран.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/08/IMG_5312-1024x683.jpg)
Пожарникарите од Свети Николе и доброволци, со помош на храбрите пилоти на полициските хеликоптери пожарот е локализиран. Се врши проверка и догаснување.
На 112 е добиена информација за пријава на шумски пожар во местото викано Стрелиште во Битола.