Обид за атентат врз Абазовиќ или..?

Обид за атентат или..?Црногорската полиција истражува зошто системот за сопирање на службеното возило Мерцедес во кое се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ му откажале сопирачките на неговиот службен автомобил „мерцедес“ при неговиот службен пат во Тиват, пишува „Вијести“.

Системот за сопирање на службеното возило наеднаш престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил во понеделникот на 31 јули кога премиерот на Црна Гора бил во официјална посета на Тиват.

Според неофицијални информации, на контролната табла немало никакво предупредување за откажување на системот за сопирање на возилото.

Возилото застанало на макадамот крај патот, а премиерот Абазовиќ потоа со придружбата влегол во друг автомобил. Оттогаш тој користи друго службено возило од марката „Ауди“.

Од црногорското МВР велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста на возилото и големата километража што возилото ја поминало. Оттаму нагласуваат дека првиот човек на таа институција и сопартиец на Абазовиќ, Филип Аџиќ, иницирал вонредна проверка од страна на Управата за безбедносни и надзорни работи за да се утврди причината и околностите под кои се случил овој инцидент.

„Уверени сме од досегашниот преглед дека дефектот на возилото е поради староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило“, соопштија. „Вијести“ од МУП на Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави