Спасовски: Ги охрабривме граѓаните да бидат дел од креирањето политики – Отворен Кабинет МВР за граѓаните

Отворен Кабинет за средби со граѓаните го започнавме во СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, СВР Битола, Камп за обука Лазарополе, Центарот за обука во Идризово – проект во рамки на концептот МВР за ГРАЃАНИТЕ за нивните идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, на работењето на полицијата, сето она што нѐ засега сите нас.

Ги охрабривме граѓаните да бидат дел од креирањето политики, и тие ја препознаваат таа подготвеност да ги слушнеме нивните предлози и, секако, да ги решиме проблемите на најбрз можен начин.

Упатувам искрена благодарност до медиумите за соработката и континуираното следење на овој наш проект, бидејќи вистинското информирање на граѓаните и транспарентноста се клуч за демократијата.

Воедно, благодарност до тимот од Отворен Кабинет, кој овозможи секоја средба со граѓаните да вроди со плод и да има исход во корист на граѓаните и на безбедноста во заедницата.

Продолжуваме со ОТВОРЕН КАБИНЕТ – МВР за ГРАЃАНИТЕ!

Треба да знаете
Последни објави