Најмногу дожд наврна во скопската котлина

Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина.

Токму тука според мерењата до 20 часот наврна најмногу дожд, 24 литри на метар квадратен на мерната станица Зајчев Рид, а во Скопје-Петровец измерени се 16 литри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежи ќе има и во текот на ноќта, но не со толкав интензитет.

До изутрина ситуацијата со врнежите ќе се стабилизира.

Треба да знаете
Последни објави