Силното невреме кое вчера создаде хаос во Словенија пристигна и во Србија. Во Западна Србија почна да врне силен дожд, дува силен бурен ветер проследен со град. Силно невреме со град ја зафати општина Горњи Милановац.
РХМЗ утринава предупреди дека денеска во Србија е активиран црвено-портокаловиот метео аларм.
На социјалните мрежи луѓето објавуваат снимки од големото невреме. Има обилни дождови, ветерот силно дува, а се создава впечаток како надвор да е темно и магливо.
И во Љиг врне, а дождот пропратен со силен ветер носи се пред себе. Надвор веќе е темно и магливо.
Невремето пристигна и во Уб, а на видео од социјалните мрежи се гледа дека дождот бил пропратен со град.
Во Лајковац автомобилите полека возат низ поплавени улици, а водата стигнала и до тротоарот. По улиците тече големо количество вода, а водата стигна и до автобуската станица.
Во 13 часот РХМЗ го објави најновото метео предупредување за Србија под наслов – Обилни врнежи и град!