Од невремето во Битола падна кров од зграда, билборд, дрвја, а страдаа автомобили


Силно невреме проследено со порооен дожд, силен ветер, електричлни празнења попладнево околу 18 часот предизвикаа елементарна непогода во Битола, од која има паднато кров од зграда, откорнат билборд, искршени дрвја и оштетени автомобили.

На улицата „ Филип втори Македонски“ бр.64, паднал кров од зграда и оштетил 1 паркирано приватно моторно возило, на ул.„Васил Карангелески“ од силен ветар паднал билборд врз возило во движење, за среќа нема повредени лица, додека пак на ул.„Партизнаска“, од падната гранка од дрво едно женско лице е повредено и пренесено е во Клиничкиот болнички центар во Битола.

Денеска поради високите температури имаше и повеќе пожари каде интервенираа надлежните единици, хеликоптерите на МВР и „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во гаснење на пожарот во с.Дебреште-Прилеп, од невремето паднало гранка на возилото на ТППЕ, која ја оштетила предната страна од возилото и ветробранското стакло и еден од пожарникарите се пожалил на болки во пределот на градите(црвенило) и се пренесува во ОБ Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави