Беспилотни летала погодија воздушна база во источна Либија што ја користат платеници на руската паравоена група Вагнер. Нема жртви, изјави воен претставник, пренесуваат француските медиуми.
Во извештаите пренесени од либиските и арапските новински веб-страници се тврди дека нападите биле лансирани од авиони на владата во Либија. Но, владата на национално единство со седиште во главниот град Триполи негираше каква било вмешаност.