Невреме пропратено со силен пороен дожд, грмежи, ветер и град зафати делови од Србија, а беа погодени Белград, Вршац, Краљево, Крушевац, па дури и Врњачка Бања, каде некои улици беа поплавени, а автомобили останаа заробени во надојдената вода.
Хидрометеоролошки завод на Србија сега издаде ново предупредување за невреме и врнежи.
„Во следните два часа во јужен Банат, Шумадија, Поморавље, југозападна и југоисточна Србија, на места ќе има врнежи од дожд и локални врнежи со грмежи“, се вели во најновото соопштение на РХМЗ.