Одгледувачите на свињи во соседството најавуваат големо поскапување на месото, еве колку ќе чини килограм

Сопствениците на свињарските фарми во Србија проценуваат дека цената на свинското месо ќе се зголеми во наредните месеци и дека свинското месо за Нова година ќе чини 1.000 динари (8,53 евра) за килограм, дури и ако земјата дозволи увоз, бидејќи цената исто така е во пораст и во Европа поради намалената понуда.

-Свинското месо ќе поскапи затоа што насилно се колат здрави свињи поради страв од африканскатата чума, а болните се уништуваат, па ќе се намали понудата. Во Србија веќе има недостиг на прасиња за гоење, изјави сопственикот на свињарската фарма Милован Иванковиќ, за агенцијата Бета.

Според него, значително ќе се намали бројот на свињи бидејќи целосно ќе биде уништено производството на малите фарми, а ќе останат само големите системи кои нема да можат да го компензираат недостатокот на свињи, како и увозот, бидејќи чумата царува и во Европа и понудата е намалена, а месото веќе поскапе.

Треба да знаете
Последни објави