Над 30 мигранти се водат како исчезнати по потонување на два чамца во близина на италијанската обала

Најмалку 31 мигрант се водат како исчезнати по потонувањето на два чамца во близина на италијанскиот остров Лампедуза, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Според преживеаните, од едниот чамец исчезнале 28 луѓе, а од другиот тројца.

Мигрантите на 3 август тргнале од Тунис кон Европа, но несреќата се случила поради лошите временски услови.

Треба да знаете
Последни објави