Поради невремето кое вчера го зафати Белград беа откажани бројни летови на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Истовремено, за време на невремето, во попладневните и вечерните часови имаше забрана за точење гориво во авионите, што дополнително предизвика отстапување од стандардниот распоред на летови.
Овие доцнења ќе се пренесат и на денес, а можно е и целосно откажување на некои летови.
Како што соопштуваат од националниот авиопревозник „Ер Србија“, сите патници кои ќе ги изгубат врските за други летовите ќе бидат пренасочени на други соодветни линии.