Во подготовка ребалансот на Буџетот за да се обезбедат средства за повисоките плати во јавниот сектор

-Во Министерството за финансии се прават анализите за ребалансот на Буџетот во којшто треба да се предвидат средства за повисоките плати на вработените во јавниот сектор. Откако ќе бидат завршени анализите, ребалансот ќе биде финализиран и претставен пред јавноста, открива премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.

Со Општиот колективен договор за јавен сектор, што беше потпишан на 18 јули годинава, од септември околу 130 илјади вработени во јавниот сектор треба да добијат за 10 отсто поголеми плати, како и исплата на регрес за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 10.000 денари, а од следната година предвидена е исплата во износ од 30 отсто од просечната нето плата. 

-Со носењето на Општиот колективен договор, по цели 15 години се обезбеди системско решение кое што го осигурува континуираниот раст на платите. Заеднички со синдикатите дојдовме до прифатливо решение кое нема да зависи од волјата и желбата на ниедна политичка партија и сега или кога било. Извојувавме заедничка победа со работниците и ги решивме децениските проблеми, вели Ковачевски во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави