Петчлено семејство е тешко повредено во страотна сообраќајна несреќа во Албанија. Според пишувањата на социјалните медиуми семејството се враќало од одмор.
Првичните информации се дека во возилото патувал брачен пар со три деца кои по несреќата веднаш биле хоспитализирани. Наводно, возилото било со српски регистерски таблички.
Албанските медиуми соопштуваат дека жената е во тешка здравствена состојба.
Несреќата се случила во раните утрински чсови кога нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.
Полицијата се сомнева дека причина за несреќата е неприлагодена брзина и влажен коловоз.