Познатата турска актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“, ужива во Дубровник.
Мерјем, која е многу активна на социјалните мрежи, на својот Инстаграм профил сподели низа фотографи од својот престој во Дубровник и се пофали дека била гостинка на роденденската забава на бизнисменот Мехмет Корутурк.
Убавата актерка која живее во Германија, иако не снима многу, заработува одлично од својот Инстаграм профил и од рекламирање на многу производи.