-Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа за пензионерите. Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Со таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто. Преку одговорен инклузивен пристап успеавме од 2017 година до сега минималната пензија да ја зголемиме за 46 отсто, изјави денес на прес конференција Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
Таа додаде дека надоместок до пензија, а потоа и пензија се обезбедени и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедена е социјална пензија во висина од 6000 денари.
-Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензионери со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија. Сето ова се показатели за вистинската грижа за нашите највозрасни сограѓани, рече Устамитова