– Системите за автоматизација на ПЕРН во сабота навечер детектираа намалување на притисокот на нафтоводот „Дружба“ во близина на Ходеч, на една од двете линии на западната делница, низ која нафтата влегува во Германија, изјави полскиот нафтоводен оператор.
Од компанијата напоменаа дека другата линија од нафтоводот работи без проблеми и дека нема опасност по здравјето и животот на локалното становништво, додавајќи дека се истражува причината за инцидентот.
Не напоменаа каков ќе биде ефектот врз снабдувањето со нафта и кога линијата се очекува да биде поправена. Пожарникари и службите за итни случаи на ПЕРН се на местото на инцидентот.
– Другите елементи од инфраструктурата на ПЕРН, вклучувајќи ја и померанската секција на „Дружба“, низ која се пумпа нерафинирана нафта од Полска кон Германија, работи стандардно, истакна ПЕРН.
Нафтоводот „Дружба“ е еден од најдолгите во светот, протегајќи се од Татарстан до Брјанкс и делејќи се на два дела – северен (поминувајќи низ Белорусија со правец Полска) и јужен (поминувајќи низ Украина кон Унгарија, Словачка и Чешка).