Илиеска: Власта со новата даночна реформа удира по граѓаните и компаниите бидејќи сите производи кои не спаѓаат во група на основни ќе имаат поскапа даночна стапка од 10%

„Јас постојано апелирам законот за данок на додадена вредност е она што го тангира буквално секој еден граѓанин, но и компаниите заради тоа што тие се оние како претпоследната алка во синџирот на данокот на додадена вредност кои што ја продаваат храната, а граѓаните се како конзументи на храна односно последната алка во синџирот кој што се вика оданочување со данок на додадена вредност. Сите ние ќе ги почувствуваме последиците од носењето на законот кој што претходно беше донесен во декември месец во Собранието”, појасни Анастасија Илиеска при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Таа додаде дека на сите производи освен оние кои што ќе бидат во категоријата основни прехранбени производи ќе им биде зголемена даночната стапка.

„Во тој момент се зборуваше за производи околу 3.000 кои што се изготвуваа, па за две недели ќе биде листата готова, па за еден месец, па за месец ипол, па се изработува итн. И тоа така беше се до повлекување на тие трите пакет закони од даночната реформа, а меѓу нив и законот за данок на додадена вредност поточно измените на тој закон во делот на даночната стапка на данокот на додадена вредност. Поточно  сега не станува збор за луксузни производи поради тоа што оцениле од Владата дека многу бомбастично звучи терминот туку станува збор за оданочување на сите прехранбени производи со повисока стапка од 5% која што е постоечка, а само основните производи ќе бидат оданочени по таа повластена даночна стапка од 5%”, рече Илиеска.

Илиеска посочи дека само основните производи ќе имаат даночна стапка, ќе имаат данок во цената нивна која што и сега граѓаните ја плаќаат при купувањето, а сите останати производи кои не се во група на основни производи ќе имаат повисока даночна стапка од 10%.

„Грижата на една Влада е како да стимулира некаква појава или како да ги мотивира граѓаните на некоја активност или дејност, а исто така и компаниите. Владата треба да има стратегија, ние лани слушнавме дека министерство за финансии донело некаква стратегија, но јас не сум сигурна дека сме конзистентни и постојани на таа стратегија. Заради тоа што реформата е тргни – застани, цело време имаме ретерирање на носење на некакви даноци, даночни системи, измени во даноците, па потоа враќање на старо бидејќи се увидело дека нештото не функционира. Значи кога сакате да се грижите за граѓаните вие им олеснувате со тоа што ја намалувате даночната стапка. Значи државата поточно Владата се откажува од одредени приходи кои што ги собира од даноците се со цел на одредена категорија на граѓани да им го олесни животот или да ги стимулира на нешто”, појасни Илиеска.

Илиеска нагласи дека владата го укина квалитетниот живот на граѓаните со овој предлог закон.

Треба да знаете
Последни објави