Двајца мажи се убиени денеска во јужноафриканскиот град Кејптаун, за време на петтиот ден од насилните протести што минатата недела ги започнаа возачите на минибус-такси против владата.
Едно лице загина, а тројца се ранети во пукање во близина на меѓународниот аеродром Кејптаун, откако група демонстранти фрлале камења врз автомобил, а возачот возвратил со оган“, соопшти полицијата.
Полицијата додава дека престрелката се случила при блокада организирана од таксистите во близина на аеродромот и потврди дека убиецот ќе биде под истрага за убиство и обид за убиство.
Во меѓувреме, еден маж почина од повеќе прострелни рани во одвоено пукање за кое полицијата наведува дека е исто така поврзано со протестите.
Немирите на периферијата на вториот по големина град во Јужна Африка избија откако минатиот четврток штрајкуваа таксистите на минибуси, „огорчени од грубиот третман на полицијата и градските власти“ и одземањето на некои од нивните возила.
Во петокот вечерта беше убиен службеник за спроведување на законот, а градските власти смртта на тој полицаец ја поврзуваат со протестите.
Имаше запалени возила на бројни локации во предградијата на Кејптаун, каде големите, сиромашни населби се место на чести насилни протести.