Саудиска Арабија потпиша стратешки договор со турската компанија „Бајкар“ за локално производство на беспилотни летала во Кралството, објави синоќа Саудиската државна одбранбена компанија „САМИ“ на платформата X (поранешен Твитер).
-Договорот „ќе ја подобри улогата на „САМИ“ во поддршката на националната одбрана и зајакнувањето на нашите локални способности“, се вели во соопштението.Во јули, Саудиска Арабија се согласи да купи турски дронови од „Бајкар“ во најголемиот воено-индустриски договор во турската историја.Инвестициите и финансирањето од земјите од Заливот помогнаа да се намали притисокот врз турската економија и валута по 2021 година, кога Анкара прави дипломатски напори да ги обнови врските со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.