Снег падна во Австрија: На западот од земјата задолжителни синџири

Иако е август, некои планински области на западот на Австрија денеска беа под снег. Станува збор за две сојузни држави во срцето на Алпите, Тирол и Форарлберг, јавуваат австриските медиуми.

Весникот „Кронен цајтунг“ под наслов „Во Австрија падна снег“, „Задолжителни синџири на западот“ и супернаслов „Иако е август“ ги предупредува Австријците дека на патиштата на алпската планинска група Силврета, на границата меѓу Тирол и Форарлберг на 2.032 метри надморска височина и на наплатните пунктови Билерхохе, во општина Партенен на 1.051 мнв., задолжителни се синџири за сите моторни возила.

Секако е неверојатно, ако се земе предвид дека ова е почеток на август и дека многу не само локални, туку и странски туристи во овој момент одат високо на Алпите за малку да се разладат и да дишат на чист воздух. И да избегаат од годинешниве неподносливи летни горештини во Австрија.

Затоа, како што објави „Кронен цајтунг“, поради снегот од вечерва е затворен популарниот туристички панорамски пат (Passstraße), со многу опасни кривини, кој води преку превојот од долината Монтафон во Форарлберг долга 39 километри до долината Пазнаунтал во Тирол.

Треба да знаете
Последни објави