Апелација ја преполови затворската казна на велешанецот кој усмрти дете на пешачки премин

Апелациониот суд од Скопје ја намали затворската казна од 18 години затвор на осум за возачот Ангелче Николов (28) од Велес кој лани на 17 декмври под дејство на алкохол на пешачки премин смртно прегази 11 годино девојќе и побегна од местат на настанот, потврди Основниот суд Велес.

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петочлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова.  Предметот се работеше и во текот на судската летна ферија, бидејќи беше притворски. Пресудата е правосилна.

На Николов, кој смртно ја повреди 11-годишната Магдалена Иванова, му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Телесни повреди доби и мајката на девојчето. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило.

Останува изречената забрана за Николов за управување со моторно возило од „Б категорија“ во траење од 5 години. Сообраќајката се случи на 17 декември лани во 22:17 часот на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“ во Велес. По сообраќајката возачот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец.

Вештачењето покажало дека возачот критичната вечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајката се случила на обележан пешачки премин.  Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

Треба да знаете
Последни објави