Бројот на настраданите од поплавите во Словенија се искачи на шест лица

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА.

Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Одредени области се уште се поплавени, многу патишта се уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од одрони на тие места ќе се зголемува.

Треба да знаете
Последни објави