Бугарскиот премиер Николај Денков денеска на Фејсбук од 10:30 до 11:30 часот (по локално време) ќе одговара на прашања на граѓаните и медиумите. Причината е – два месеца од стапувањето на функција премиер, соопшти владината прес-служба, јави БТА.
Прашања до Денков може да се постават и за време на директниот пренос и однапред да се објават во коментарите под видео најавата на Фејсбук страницата на Советот на министри.
Тоа ќе биде втор ваков настап на премиерот, откако на 6 јули одговараше на прашања на социјалната мрежа по повод завршувањето на првиот месец од работата на Владата.