Бурата Ханс ги погоди Шведска и Норвешка, куќите и патиштата под вода

Бурата Ханс донесе невреме и обилни дождови во Шведска и Норвешка, некои патишта се под вода, а имаше и прекин во железничкиот и траектниот сообраќај.

Во Шведска вчера се забележани повеќе од 25.000 удари од гром. Во Малме дошло до краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради што повеќе од 5 илјади луѓе останале без, објави телевизијата СВТ.

Поплавени куќи и подруми се пријавени во областа Вастернорланд на северот од земјата.

Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата во земјата и предвидуваат дека Ханс може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.

Норвешкиот метеоролошки институт, кој ја именуваше бурата Ханс, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка кои ќе бидат во сила до вторник навечер.

Некои општини се предупредени за можни одрони.

Властите ги советуваа луѓето да работат од дома.

Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепаркен во близина на Ставангер веќе објави дека ќе остане затворен во вторник.

Треба да знаете
Последни објави