ДеСантис: Секако дека Трамп ги загуби изборите во 2020 година

 Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска конечно призна дека неговиот партиски ривал Доналд Трамп ги загуби изборите во 2020 година, откако со години избегнуваше директно да одговори на ова прашање. 

-Секако дека загуби. Џо Бајден е претседател, изјави Десантис за американската телевизија Ен-би-си (NBC), пренесува Гласот на Америка. 

Десантис често пати ги избегнуваше прашањата за тоа дали верува дека резултатите од изборите во 2020 година биле легитимни. Меѓутоа, во последните денови тој јавно почна да ги доведува во прашање тврдењата на Трамп и неговите сојузници за исходот од претседателските избори. 

Федералните и државните изборни претставници и секретарот за правосудство во мандатот на Трамп изјавија дека нема докази за изборна измама. 

Судовите, исто така, ги отфрлија тврдењата на Трамп, вклучувајќи ги и судиите што тој самиот ги назначи. 

Треба да знаете
Последни објави