Директорот на штаб на ДПМНЕ “награден “ со 18,5 милиони за две години !!!

Новоназначените лица од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ , Ивица Томовски, поточно неговата компанија Сити Логистикс, се вели во писмената реакцијата на локалниот огранок на Гази Баба од „Левица“ и додаваат:

-Ова е уште еден еклатантен пример како човекот кој секојдневно се појавуваше на прес-конференции, зборуваше за паразити кои ја празнат државната каса, тргнал и тој самиот по истиот пат и тоа не од сега, туку веќе пред некоја година.

Во општина Гази Баба е склучен Договор за реконструкција на објект Трубарево – втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и Сити Логистикс, на ден 21.02.2023 година во вредност од 5.000.001,02 денари. Потпишан е од в.д. директорот Игор Атанасовски. Дополнително, уште еден Договор за реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс е склучен на ден 05.12.2022 година во вредност од 4.800.013,44 денари. Овој договор е исто така потпишан од в.д. директорот Игор Атанасовски.
Тоа се вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари. Томовски и претходно бил мотивиран за својата работа во партијата и тоа токму од неговиот лидер, Мицкоски.

Со потпис на Хистијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра. Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило бидејќи како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории каде што еден од тие договори е со вредност од 2 милиони и 600 илјади денари, поточно 42.000 евра. На тој договор потпис имаат ставено управителот Томовски и Мицкоски.

Неколку општини ги одржуваат во живот неколкуте компании кои што се блиски до Мицкоски, останатите општини директно му даваат финансиски инекции, а додека пак централната власт се грижи за сопствените тендери.

Левица единствено се грижи вистински за граѓаните во намерата да престане тридецениското ограбување од страна на водечките партии и изведување на сите нивни преставници кои сториле криминал пред лицето на правдата.

Треба да знаете
Последни објави