На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу еден час за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.

Автомотосојузот на Македонија информира дека утрово на граничните премини Богородица и  Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави