Прекинати работите на делницата Скопје – Блаце поради зголемен сообраќај

Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември.

– Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои ја користат оваа делница. Изведувачот на работите, Гранит-Скопје, привремено ќе ги стопира градежните активности на рехабилитација на тунелот, при што за време на прекинот сообраќајот ќе се одвива нормално, а не под посебен режим, соопштуваат од Јавно претпријатие за државни патишта.

Работите на овој дел од државниот пат ќе продолжат на почетокот на месец септември.

Треба да знаете
Последни објави