Словенија и Хрватска се борат со поплави предизвикани од обилни врнежи од дожд какви што не биле видени долго време, можеби никогаш, и кои го погодија поголемиот дел од Европа.
Од штетата не беше поштеден ниту спортот, па клубот ФК „Блато“ од Загреб на „Фејсбук“ објави како Сава го поплави целиот терен за само три минути.
Нивното игралиште се наоѓа веднаш до каналот Сава-Одра, кој не се користи повеќе од 10 години, но повторно е во функција поради високиот водостој.