Силна експлозија на пристаниште во Турција, најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија на пристаниште во северозападна Турција, соопштија властите.

Експлозијата се случила во складиште за жито во пристаништето Деринџе на северниот брег на Измитскиот залив.

Прелиминарната истрага покажа дека експлозијата била предизвикана од компресија при префрлање на жито од брод во силос, изјави Седар Јавуз, гувернер на провинцијата Коџаели

Експлозијата се уште е под истрага, додаде тој.

Градоначалникот на Коџаели, Тахир Бујукакин изјави дека тројца од повредените се пренесени во болница и се во тешка состојба.

Министерството за транспорт соопшти дека не е погоден ниту еден брод.

Треба да знаете
Последни објави