Георгиевски: Лидери сме во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма

-Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот подготвена да започне со користење на ИПАРД 3 програмата.
Од ИПАРД 2 програмата се искористени 98 отсто од средства, со склучени 2369 договори.  Објавен е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3, за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, соопшти на прес конференција Гоце Георгиевски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој посочи дека финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75 отсто средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти  септември 2023 година.

-Овој последен јавен повик се објавува со цел овие 8.8 милиони евра како последни средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата, без ниту еден денар вратен назад, рече Георгиевски.


Треба да знаете
Последни објави