Најуспешниот македонски кошаркарски селектор Марин Докузовски под чија палка репрезентацијата го освои 4. место на ЕП во 2011 година своето богато искуство ќе го пренесува во МКК Куманово. Веста дека Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во втората кошаркарска лига ја соопти клубот. Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.
Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години.
Здружение кошаркарски клуб МКК КУМАНОВО (Младински кошаркарски клуб Куманово) е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари.