– Спремен сум уште денес. Го предложив 26-ти август уште кога бев предизвикан, но од него не добив потврда. Не се ни надевам дека ќе ми одговори, прокоментира Марк Закерберг, основачот на Мета, за неговиот наводен противник на друштвената мрежа „Threads“.
Илон Маск, од друга страна, изјави дека борбата со Закерберк ќе се пренесува во живо на друштвената мрежа Твитер и дека целиот приход ќе отиде во добротворни цели. Коментирајќи за својата физичка форма во припремите, Маск напомена дека би можел да ја изгуби борбата доколку се одолговлечи. Тој призна дека неговата тежина е околу 136 килограма. што може значајно да го отежни неговиот перформанс во подоцнежните рунди.
Пред тоа, Маск има коментирано дека е подготвен да се бори со Марк Закерберг во рингот. Како одговор, Закерберг го повика шефот на Тесла да му испрати локација. Милијардерите размислуваа за опцијата борбата да се одржи во римскиот Колосеум.
Претседателот на UFC Дејна Вајт изјави дека има разговарано со Маск и Закерберг со цел организирање на борбата. Според Вајт, и двата претприемачи се сериозни и дуелот би можел да се изведе во егзибиционен формат во Лас Вегас без надзор од атлетската комисија.
Поранешниот UFC шампион во две тежински категории Конор Мекгрегор прокоментира дека дуелот треба да се одржи под покровителство на UFC.