Пиперките се меѓу најздравите намирници оти се богати со бројни хранливи материи и минерали, како што се витамините Ц, А и Е. Зелените пиперки први се набрани, жолтите добиле уште малку време да созреат, а црвените се целосно зрели. Поради тоа се разликува и нивниот вкус, па зелените најчесто се посвежи, со поостар и малку горчлив вкус, додека црвените се многу послатки во однос на другите.
Разликата во должината на созревањето влијае и на нутритивниот состав: црвените се двојно побогати со витамини од зелените и имаат речиси девет пати повеќе бета-каротин.
Различниот начин на одгледување е причина за различните цени. За разлика од другите пиперки, зелените пиперки имаат многу пониска цена бидејќи се берат најрано, жолтите се нешто поскапи, а црвените, бидејќи најмногу се користи труд, вода и други фактори во нивното одгледување, обично се најскапи.
Покрај тоа, тие се богати со каротеноидот зеаксантин, кој е исклучително важен за здравјето на очите.
Пиперките имаат повеќе витамин Ц од лимонот.
Пиперките содржат околу 300 милиграми витамин Ц, дури и повеќе од лимоните или портокалите! Токму затоа пред многу години таа лекувала скорбут – болест предизвикана од долгорочен недостаток на витамин Ц.
Освен тоа, пиперките помагаат и во борбата со вишокот килограми. Имаат околу 50 калории, малку масти и јаглехидрати и многу вода. Богати се и со магнезиум, железо, калиум, калциум и бета-каротен.
Поради најголемата доза на витамин Ц, како и многу секундарни масла, црвените пиперки се најздрави.