Актуелниот македонски фудбалски првак Струга Трим Лум, кој не помина во квалификациите од елитното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите, го искористи поправниот во квалификациите од Конференциската лига каде остана единствен претставник. Претходно во ова натпреаврување беа елиминирани три македонски претставници: Македонија ЃП, Шкендија и Шкупи.
Наредниот ривал на Струга ТЛ е тимот на Есперанж од Луксембург, со кој ќе се соочи на 10 и 17 август. Во случај да биде мината и оваа пречка тогаш македонскиот првак ќе игра во завршната квалификациска рунда, плејофот за пласман во групната фаза на ова трето по ранг натпреварување на УЕФА.
Стружани денеска ќе дознаат кој може да им биде ривал за евентуален пласман во групната фаза, ако стигнат до разигрувањето.
УЕФА го скрати списокот на можни противници на кој се најдоа: Зрињски (БиХ) – Брејдаблик (Исланд), Карабах (Азербејџан) – ХЈК Хелсинки (Финска), Астана (Казахстан) – Лудогорец (Бугарија)
Извлекувањето е закажано за денеска во 14 часот во Нион.